03
јан

Девојчето со лузна на вратот …

Девојчето со лузна на вратот се загледа во некоја далечна точка …

: И ? – ја праша господинот во зелена блуза на долги ракави и кремави панталони, кој седеше наспроти неа.

: И … ништо. Ви кажав се што се случи. – му одговори девојчето вртејќи мал прамен од косата околу прстите на левата рака. Не го тргна погледот ни за момент … можеби не ни трепна.

: И … како се чувствуваш ти поради тоа?

: Никако. – одговори брзо и ладно.

: Но, сигурно чувствуваш нешто … мислам, мора да имаш некаква емоција … сигурно !

: Сигурно … – овој пат побрзо и со мала иронична насмевка на крајот од устата.

: А лузната ? Што е со неа? – настојуваше да извлече нешто.

: Што е со неа?

: Па … ти пречи ли? Мислам … ќе ја носиш до крајот на животот. Мислам …

: Ве молам, не мислете толку ! – се заврте кон него и го погледна директно во очи. Потоа го погледна праменот коса кој го дршеже во раката, се насмевна и продолжи да зборува …

: Видете господине … мојата лузна е само лузна. По ѓаволите, па ниту сум прва, ниту последна со некаков животен белег на телото. Зар мислите дека една глупава лузна може да ми го промени животот ? Се лажете господине, Вие мене не ме познавате …

: Секоја лузна има своја приказна. Што кога ќе те прашаат за твојата ? – ја прекина.

: Ќе им кажам … Што?! Мислите дека не би имала храброст да го направам тоа ? Ако сакате можам уште веднаш да излезам во ходникот и да вреснам „Дами и господа, лузната ми е од татко ми … ми го пресече вратот! Всушност се обиде, но не му успеа“!

: И ? Сигурно ќе те боли да го кажеш тоа … Мислам и би било нормално …

: Ќе ме боли мене нешто друго, ама не би Ви кажала што … да не бидам вулгарна!

: Не,не,  те молам … биди … повели …

: Ќе ме здоболе пичкава … господине. –  се насмевна одвратно и го зеде повторно истиот прамен во рацете и почна да го врти низ прстите.

: Во ред, а те боли ли тоа што мајка ти не ти помогна ?

: Мајка ми беше зафатена во тој момент … се шминкаше во купатилото. Сигурно се обидуваше да ги покрие модринките … – ја наведна главата и очите почнаа да и се полнат со солзи.

: А брат ти ?
Молчеше … ја стави левата рака во уста и почна да си ги гризе ноктите. Погледна во истата далечна точка и го мрдаше телото напред, назад. Тој не прозборе … и остави време.

: Не помнам. – конечно изусти. Можеби беше во купатилото со мајка ми или си играше во својата соба … не знам, не помнам.

: Во ред е. Ќе ти дојде … ајде размисли …

: Да размислам ? Да размислам, рековте ?! Да се обидам да се сетам што се случи таа вечер ? Зар Вие мислите дека јас сакам да знам ?! Па Вие сте луд … кај ме пратија баш кај Вас … од сите доктори во градов, мене Вие ми се паднавте! Ебати лотаријата! – го повиши гласот.

: Смири се … јас сум специјалист во оваа област. Затоа и кај мене …

: Во оваа област ?! Која е таа област поточно господине? Што сте Вие … доктор специјалист за девојки кои едно утро се разбудиле во крв и кои биле известени дека си го убиле цело семејство ? – му се развика.

: Смири се, ајде … Готови сме овде, завршивме. – нешто запиша во нотесот.

: Ах, значи веќе ме „поправивте“? – додека се исправуваше.

: Искрено, не. Те праќам во болница, наместо во затвор. Треба да ми се заблагодариш …

Таа почна да се смее. Прво видливо, но без глас, а потоа на цел глас. Почна да се тресе и со рацете да плеска … сеуште се смееше. Господинот ги повика униформираните кои чекаа пред жолтеникавата врата.

22
дек

Тремор …

Шшш …

Дожд … дожд и месечина …

Од устата ми излегува крв

како што се наведнувам нанапред …

Си ги лижам прстите затоа што

проклето го сакам тој тремор.

Шшш …

Во позадина ми вреска разумот …

им го оставив … да го силуваат … хаха …

а го зедов со себе гладот,

облечен во црвена чипка до коленици

и градник кој најубаво се откопчува со заби.

Телото мое, гозба за волците …

Кинете … кинете … раскинете …

потоа тргнете се на страна … замолчете …

Шшш …

Оставете ме да се претворам во нешто …

Потемно, поголемо, подлабоко и поцрно …

Шшш …

Дождови веќе нема …

А курвите

од далеку си ги препознаваат своите.

12
дек

Илјада војници и еден …

Илјада војници

и еден …

стојат во редови,

десет по сто

и еден …

Не штрчи.

Не е во толпата.

Стојат со знамето спремни.

Илјада војници

и еден …

мали, храбри, верни.

Без оклопи и штит,

Само со ножиња в раце.

Без оклопи и штит,

со крв на лице.

.

.

.

Илјада зборови

и еден …

си ги носам во душа.

Илјада зборови

и еден …

никој што не ги слуша.

Илјада зборови

и еден …

со кои растев и ќе растам.

Илјада зборови

и еден …

со кои живот ќе

02
дек

Јас шепотам додека ти умираш …

Некои ме нарекуваат тага.

Во ред … тоа е моето име.

Некои само Лиана.

Во ред … нека е и тоа моето име.

Некои не ме довикуваат …

Само со поглед ме повикуваат …

И ете ме мене …

Зјапам во моите луѓе со тажни очи.

И дојде време и на мојата генерација

да игра на свадби и плаче на погреби …

Да облекува бело … да облекува црно,

за потоа да соблече кожа …

Еден достоинствено да замине,

друг достоинствено да остане,

трет достоинствено да се скрши

и да заплаче за загубеното време.

А времето ?!

… ах, времето …

Времето крши и лечи …

Доаѓа и заминува тивко,

тивко на прсти

се прикрадува и ни се смее зад грб …

Со време нешто губиме,

нешто добиваме …

Нешто забораваме …

на нешто се сеќаваме.

Лиана …

Лиана …

Ти шепотам да не ме чуе друг .

Времето не одалечи мила …

Јас повеќе не сум ти

И ти повеќе не си јас …

Лиана …

Лиана …

Ти шепотам да не ме чуе друг.

Во контејнерот направи дом …

Дом ! Прекрасно чувство кое не проаѓа.

Лиана …

Лиана …

Ти шепотам да не ме чуе друг.

Мајка ти … не доаѓа.

24
окт

Кратенка за Е.П.З.Е.

Имаш слики од минатото на кожата.

Имаш туѓи мириси на устата.

Имаш подочници од гревови

и нештото што ти го засадив во умот …

Ќе изникне на топлината од сонцето,

како иронична насмевка во сред тажна приказна.

Имаш виолини во мислите.

Имаш труби во грлото.

Имаш тапани во срцето

и цела филхармонија во душата.

Немој да се изгубиш во таа хаотична бучава.

А јас …

Јас имам тело полно сокови

што му ги должам на светот.

Имам танцови што сум заборавила

да ги подарам на некој.

Јас имам смеа за исполнување.

Имам смеа за испраќање.

И навистина …

Се е во ред.

Се.

13
окт

За насмевката и тажните работи …

Денес …

уживам да бидам невидлива,

да се шетам како дух меѓу обичните,

како ветар меѓу присутните.

Во устата имам пцости и пукотници,

додека не те пронајдам ќе крварам … изустив.

Секое умирање можеш да ме видиш како се смеам,

секој пат кога ќе се родам, можеш да ме слушнеш.

Ти … ме исцрпи и исцеди!

Трештев од болка, но се беше во ред …

Стискам заби и го кревам светот на рамената

да го поносам малку

за тебе, за вас, за сите …

да ви помогнам!

Навикнати на борба,

почнавме да се бориме со ветерници …

Навикнати на борба,

рацете ни се спремни стиснати во тупаници …

А поезијата беше знакот,

требаше да ја видам иднината

и веднаш потоа да се насмевнам.

Но еј,

туку што ми поскапеа мислите,

па … ги оставам за некое побогато време.

Почекајте … каде ?

Велат, најтажните ја имаат најубавата насмевка …

Ма не брзајте … не брзајте …

04
окт

Трите за тројцата …

-Првата-

Легнувам, не заспивам …

Спијам,  не сонувам …

Сонувам, не се будам …

Се будам, се плашам …

Се будам, плачам …

Се будам, пелтечам …

Се будам …

Студен е овој сончев ден.

Студен ми е и изразот на лицето.

Од надвор сум мртва.

Внатре во мене имам ритам.

Животот не треба да заврши со песни во душата …

така треба да започне.

Замолкнете сите! Ми треба мир!

Замолкни и ти!

Зарем не забележа дека ме уништуваш ?

Ме влечеш надолу … сидро во диво море …

Стојам како колатерална штета на твојот пат

додека брзаш на состанок со дното …

Се обидувам да ти ја пуштам раката,

Да не патувам заедно со тебе,

Но секој пат е тешко … секој пат!

Секој пат е тешко … секој пат!

Секој пат е тежок – секој пат!

-Втората-

Те чувствувам во мене !

Ако носам твој плод внатре,

спреми се за повраќање –

ми доаѓа нагонот од страв …

и тргни го погледот,

да не ме видиш како се смеам,

да не ме видиш како плачам од смеење.

Вадејќи те од устата,

ќе прскам крв и месо по ѕидовите …

ќе живееме во црвена соба, слушајќи го плачот од другата.

Ќе легнам долу на подот, ќе ја отворам устата и

ќе направам тепих од бела пена …

прашувајќи се …

на кого му припаѓаш …

тивко повторувајќи …

не на мене …

-Третата-

Пријателе … љубовнику …

Како се запознавме?

Пријателе … познанику …

Сакам да заборавам како траеше …

.

Вечерва … ти отпатува …

Во едната рака куфер полн со желби,

Во другата надеж за подобро утре,

Во очите ѕвезди светкави,

Во душата … камен што повеќе тежи.

.

Вечерва … јас те испратив …

Во едната рака лист со зборови напишани,

Во другата дланка стисната,

Во очите солзи неисплакани,

Во душата … каменот … прости ми.

.

Вечерва … зборувавме …

Вечерва … се збогувавме …

Вечерва … си признавме …

Утре … може ќе полудиме …

.

Пријателе … љубовнику …

Како се пропуштивме?

Пријателе … познанику …

Како смеевме? Се задушивме …

.

Вечерва … не сакам да заспијам …

Вечерва … се плашам од соништата …

(Ти ми ги чуваше, паметиш?)

Вечерва … се плашам дека го изгубивме

Она … што никогаш повторно не би го пронашле.

.

Вечерва … е само уште една вечер …

Утре … ќе биде уште едно такво исто …

Јас не се плашам од порази, но го кревам знамето,

Јас не се плашам од болка, но боли,

Јас не се плашам од кршење, но се распаѓам,

Јас не се плашам од плачење, но крварам,

Јас не се плашам од изговори, но ги измислувам,

Јас не се плашам од … себе … ниту од тебе …

Но искрено … сум преплашена од … нас …

Барем од она што бевме.

.

Пријателе … љубовнику …

Како успеа да се загубиш себе си ?

Пријателе … познанику …

Како … ќе успеам да те истресам од коски …

26
сеп

Белешка за …

Белешка за себе

-Не ја вади маската! Без неа си курва за една употреба!-

Белешка за писателот

-Ме почитува, не ме почитува, ме почитува … не ме почитува!-

Белешка за публиката

-Ракоплескајте на крајот од претставата. Не на паузите!-

.

Белешка за себе

-И кога си уморна, запомни да се движиш напред назад!-

Белешка за писателот

-Кога сакаш да кажеш да, од инает вели не знам!-

Белешка за публиката

-Не ги прекинувајте актерите на секое земање воздух!-

.

Белешка за себе

-Нема мапа за секое скриено богатство … –

Белешка за писателот

-Не секоја мапа води до скриено богатство …-

Белешка за публиката

-Ракоплескајте ве молам!-

20
сеп

Не заборавај …


Уште еден нов ден … сонцето изгрева во темнина од навика, а јас од навика сипувам нов отров во чашата, земам нов отров во раката и гнасно уживам во борбата. Си ги разгледувам лузните по телото и си велам : „Ееее Лиано Лиано … колку пати си ти свиткана како лист хартија! Но исто како него после одреден број, веќе не може никој ниту да те превитка, ниту да те скине …“.

Сонцето полека лазејќи по синилото, со еден зрак ми го допре челото и ме натера да ги затворам очите. Е тогаш помислив на тебе! Како што ќе се изгуби сонцето вечерва позади некоја далечна планина, така ќе се изгубиш и ти … го чувствувам тоа внатре во утробата. Секој пат кога почнувам да губам некој близок, некој љубен, некој мој … најпрво ми замрзнуваат органите во внатрешноста, потоа коските врескаат од ужасна болка … мускулите ми се кинат … кожата ме боли … оглувувам, ослепувам, не дишам … некогаш дури и умирам. Потоа ќе се вратам плодна повторно од коренот, но со нова лузна … веќе секој пат се поголема.

Сите мои лузни имаат различна приказна … сум била ќерка, сум била сестра … непозната, најдобра пријателка, девојка, девојка за една вечер, за повеќе вечери, за неколку месеци, за години … но оваа лузна што ја чекам да ми се појави, оваа новава, нема приказна … има музика. Една песна што не престанува да ми се врти во главава …

„Уморно е ова небо ноќва што ме гледа, сите ѕвезди гаснат само една не. Во неа се сите вистини и наши тајни, една вистина е од мене, а друга вистина пак од тебе … сега уморно ти велам оди и не враќај се, но не заборавај дека …. Само за тебе јас пеев, само за тебе се смеев и кога голтав топли солзи од оваа душа што горко боли, ги гледав јасно сите бои, но со нив правев слики мои, лажејќи се себе си јас постоев.“

Сонцето веќе е високо на небото, а јас сеуште не сум се мрднала од местово. Чувствувам како да поминала година како сум тука или можеби неколку месеци … Ниту имам сила да станам, ниту имам сила да продолжам да седам овде. Всушност, би останала уште малку … барем додека сонцето да зајде. Повторно ги затворив очите … Сега почнав да размислувам за онаа мојата теорија за бакнежите и сродните души. Јас велам дека во светот постојат многу различни начини на бакнување, но секогаш има двајца што се бакнуваат потполно исто. Е кога ќе го пронајдеш оној кој те бакнува еднакво, потполно, целосно исто како што го бакнуваш и ти … тогаш си ја пронашол својата сродна душа. Јас според ова сеуште ја немам пронајдено мојата, но тогаш … зошто ме боли што те губам, како да губам половина од себе ? Кога новата лузна ќе се појави, ќе допејам …

„Тешко ми е да ги гледам некои лица туѓи, тешко ми е да те слушам, а гласот не е твој … Но најтешко од се е времето што слики носи, во кои денеска не верувам, но сепак блиску јас ги чувствувам … ќе ме пратат како вечни сенки за цел живот мој, потсетувајќи ме дека … Само за тебе јас пеев, само за тебе се смеев и кога голтав топли солзи од оваа душа што горко боли, ги гледав јасно сите бои, но со нив правев слики мои, лажејќи се себе си јас постоев.“

Сонцето зајде … Јас ги впив сите отрови и останав таму да дочекам уште еден нов ден.

17
сеп

Кога ќе ми запре дишењето.

Јас умирам …

Полека дишам.

Полека умирам.

Но не сум сама …

И други умираат заедно со мене.

Некои знаат, некои не знаат …

Додека умираме  …

Заедно се гушиме во димот горе

И се препелкаме во прашината доле.

Понекогаш се сретнуваме …

Се удираме со рамената на улица,

Се возиме во ист автобус,

Се разминуваме во супермаркетите.

Сигурно со некои дури и се познаваме,

Но никогаш си ја немаме кажано вистината …

За среќа … за жал …

А и зошто би ?

Никој не сака на глас да каже дека умира …

Така би можел да се слушне.

А никој не сака да се слушне …

* * *

Јас умирам …

Полека дишам.

Полека умирам.

И потполно сум сама.

Никој не умира заедно со мене.

Некои ме забележуваат, некои не …

Додека не умираат …

Ме гледаат како се гушам во димот горе

И се препелкам во прашината доле.

Понекогаш ме сретнуваат …

Ме удираат со рамената на улица,

Се возат во ист автобус со мене,

Ме одминуваат во супермаркетите.

Некои од нив дури и ме познаваат,

Но никогаш не сум им ја кажала вистината …

За среќа … за жал …

А и зошто би?

Не сакам на глас да кажам дека умирам …

Така би можела да се слушнам.

А никој не сака да се слушне … како умира.

10
сеп

Оваа е само за неа …

Конечно, научив да читам поезија.

Лесна на усни, тешка на душа.

Долго, мачно, откинато од срце …

Парче од себе подарено … некому.

И научив да ја гледам …

Како се тетерави за љубов,

Како пелтечи од болка,

Како коленичи за прошка,

Како опстојува … со надеж.

Научив да ја гледам, а да не паднам и јас.

Конечно, научив да слушам поезија.

Како пее за минатото,

Како моли за утре,

Како цимоли … Ах, како цимоли.

Не … не како кучка гладна,

Не како новороденче во ноќ,

Не како затвореник во кафез,

Туку безгласно, безгласно ..

Со солзи во очи, низ молк.

02
сеп

За борбата … Испирирано од …

Проклето се обидувам да издвојам победа,

Некаква, било каква, бар една …

Тие се посилни се почесто.

Ме џвакаат, па ме плукаат …

Ме силуваат, па ми се вгнездуваат над желудникот.

И готват таму … ми излегува чад од устата …

А еве ме мене!!!

На врата со гнасен лик.

Изџвакана, исплукана,

Гнасна и прекрасна,

Расплакана, расечена,

Раскрвавена …

Проклето се обидувам да издвојам победа,

Некаква, било каква, бар една …

Тие се потешки се почесто.

Удираат право во срце со зборовите,

Ги стегаат се повеќе оковите,

Ми доаѓаат преблиску со лицата.

А еве ме мене!!!

Со насмевка и болка.

Со растреперени раце,

Насолзени очи,

Раскурвани сништа

Сеуште мои.

Проклето се обидувам да издвојам победа,

Некаква, било каква, бар една …

Тие се поголеми и побројни се почесто.

Ме клекнуваат во ќошот од мојата внатрешност,

Не ми даваат да јадам, не ми даваат да пијам,

Потоа со пила ме сечат до коренот.

А еве ме мене!!!

Страшна и гнасна,

Жилава и силна,

Голема и плодна,

Со цветови во раце,

Славам … за победата,

Некаква, не било каква,

Многу важна,

Исконска, демонска …

17
авг

Не сакам да се враќам дома …

Сите ме чекаат да се вратам

За да се родат.

Ме чекаат да се вратам

За да умрат.

Ме чекаат …

А јас немам време,

Немам кога.

Сите ме чекаат да се вратам …

Да ме дочекаат,

Да ме испратат,

Да ги испратам.

Ме чекаат …

А јас немам време,

Немам кога …

Да застанам,

Да се поздравам,

Да се збогувам …

Збогум!

29
јул

Сликата …

Темнина …

Нема и безнадежна …

Коленици свиткани …

Некоја солза …

Некоја прегратка и

Уништена поезија.

Тоа е сликата!

Кој си ти ?!

Што сум јас ?!

Има ли секогаш светло

на крајот од тунелот ?!

Дали после дождот

секогаш има сонце ?!

Погледи …

Благи насмевки …

По некој збор …

По некоја мудрост …

Фрлени коцки …

И треба да се поработи

На покерскиот лик.

Тоа е сликата!

Утре е ден!

А нов ли е ?

Не знам дали сакам

да се промениш !

Не знам дали си баш на време

Или баш на време доцниш!

Сличности и разлики …

Вистини и лаги …

Искористени моменти …

Периоди на транзиција …

Од играчки-плачки и

Мајсторски изведби.

Тоа е сликата!

Што се случи ?!

Ма никој не сме промени.

Еднаш постоевме за да се посакуваме …

Сега не знам дали постоиме.

Тоа е …

Која слика ?!

22
јул

Милион стравови во зората …

Кога те запознав, открив нов страв …

Се плашев од љубопитство.

Потоа љубопитно погледнав во тебе и

Открив дека се плашам од чувства.

Кога бев сигурна дека чувствувам,

Се плашев од блискост и потоа се зближивме.

Помина време …

Невреме …

Невреме …

Дожд и пеколни горештини.

Јас попоплнив некоја празнина во тебе …

Некоја празнина …

А ти створи иста таква во мене …

Сто пати поголема,

Илјада пати поширока,

Милион пати поцрна, подлабока, пострашна …

Те гледам во очи и откривам нов страв …

Уште од сега бараш премногу од мене,

А гладен си да побараш уште повеќе.

Скоро несвесно се обидуваш да ме промениш …

Скоро несвесно да ме прилагодиш …

Остави … остави ме!

Потреби … потреби …

Сите ние сме животни,

Не сме сите миленици …

На мојата слика нема кафез во позадина …

Сум се обидела, ти ветувам.

Ветувајќи … се плашам од исполнување.

Постои ли друг ?

Не постои друг …

Не ми веруваш,

Не ти верувам …

Неверници.

Иииии … а што ако веруваме ?!

Не сум ни сигурна дека треба …

Рано е … Рано е …

Зора е …

Сонцето сеуште изгрева…

Ја чувствувам топлината на образите.

Сонцето сеуште не е изгреано а…

Јас подзамижувам со очите.




Ако те здоболе, ете баш која сум ...

Ако те здоболе, ете баш која сум ...

Добредојде!
Јас-јас не постојам. Постои Лиана. Ееее Лиана е една мала, само што родена, црна, мокра мачка … застаната во десното ќоше до контејнерот. Џгуљава е ! Исплашена, ама храбра! Гладна е … и стомакот и е вдлабнат. Кога ти поминуваш покрај неа, се накострешува … колку што може. Опашката е и во воздухот. Ти ги покажува малите запчиња и прави … ККХХХХХХ … Не бега ! Стои таму … секогаш! Лиана верува дека мајка и ќе дојде секој момент и заедно, ќе се засолнат под Фичото, паркирано веднаш до контејнерот. Лиана верува … ли верува …

Ве бројам … јес !

--
Site Meter